Во 2020 година, две ентузијастки со заедничка љубов кон здравата храна и грижата за луѓето ја претворија својата идеја во реалност, и така се роди нашето бистро.
Со многу труд, посветеност и љубов, го создадовме „Мелем од вкусови“ место каде што секој залак е направен со внимание, свежи состојки и вистинска страст за гастрономијата.
Нашата мисија е едноставна: да понудиме здрава, вкусна и инспиративна храна што го храни и телото и душата.
Создадовме простор во кој ќе се чувствувате пријатно, опуштено и секогаш добредојдено исто како дома.
„Мелем од вкусови“ ви го претставува стандардното мени, избалансирана понуда на внимателно селектирани јадења, совршени за секојдневно уживање. Комбинираме традиција со модерен пристап, создавајќи вкусно доживување во секој залак.
Со нашите пакети за сечиј вкус, добивате практични, вкусни и внимателно составени оброци што одговараат на различни вкусови и потреби.Изберете го пакетот што најмногу ви одговара и уживајте во совршено избалансирани вкусови.
Нудиме кетеринг услуги за секаква пригода, од мали прослави до големи настани. Со внимателно избрани состојќи и беспрекорна услуга, ја претвораме секоја прилика во гурманско доживување.
Во „Мелем од вкусови“, храната е многу повеќе од оброк таа е доживување.
Секое јадење го подготвуваме со љубов, внимание и креативност, за да ги задоволиме вашите вкусови и да ве изненадиме со нешто посебно.
Со свежи состојки и автентични рецепти, создаваме моменти кои ќе ги паметите, моменти на поврзување, топлина и вистинско уживање во вкусот.